spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Во соработка со Универзитет за туризам и менаџмент доделува...

Кисела Вода: Во соработка со Универзитет за туризам и менаџмент доделува 15 стипендии за додипломски студии

 

Образованието е најважната карика во личниот и професионалниот растеж, неопходна во конкурентноста на пазарот на трудот. Оттука, Општина Кисела Вода, преку потпишаниот Меморандум за соработка со Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, обезбедува 15 стипендии за студенти за учебната година 2022/2023.

 

Право на аплицирање на овој повик има секој жител на Општина Кисела Вода, кој не е корисник на друга стипендија од друга установа, институција или приватна фирма.

За учество на овој повик потребни се следните документи:

1.Мотивациско писмо со биографски податоци, во кое се наведува досегашно образование, постигнат успех,  познавање на странски јазик и причина за конкурирање на овој повик,

2. Копија од диплома за завршено средно образование/копии од свидетелства за завршени учебни години,

3.Копија од лична карта,

4.Уверение за македонско државјанство и

5.Изјава со која се потврдува дека не е корисник на друга стипендија

Сите дополнителни награди, признанија, познавање на странски јазици ќе се земат во предвид при крајното рангирање.

Пријавата со потребните документи, заинтересираните кандидати треба да ја достават заклучно со 23.09.2022 со назнака “Повик за доделување на стипендии за додипломски студии“ во архивата на Општина Кисела Вода.

Аплицирањето трае до петок, 23-ти септември. За сите дополнителни информации, може да се обратите на телефонскиот број 070/292-394, кај службеното лице Милена Ѓорѓиевска.

Општина Кисела Вода ги охрабрува сите заинтересирани да ја искористат оваа можност и  бесплатно да го дооформат својот образовен процес.

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте