spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Ринкевич

МНР: Средба Османи – Ринкевич

На маргините на 77-мото Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари билатерална средба со својот хомолог, министерот за надворешни работи на Република Латвија, Едгар Ринкевич.

Двајцата соговорници разговараа за иднината на процесот за проширување на Европската Унија во светло на отпочнатите преговори со Република Северна Македонија. Заблагодарувајќи се за принципиелната поддршка од Република Латвија на нашиот евро-интегративен пат, министерот Османи информира дека Северна Македонија останува посветена на реформската агенда за напречен тек на пристапните преговори со Европската Унија.

 

Двајцата соговорници разменија мислења за продлабочување на партнерските односи во рамки на НАТО, со посебен акцент на последиците врз Европа предизвикани од руската агресија врз Украина, како и за улогата на Балтичките земји да го зајакнат овој дел на Алијансата.

 

Беа разменети и мислења околу идното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и актуелни прашања од доменот на надворешната и безбедносна политика.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Велес: Поддршка на учениците и менторите за одвоените награди

0
Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им...