HomeМинистерстваМНР: Средба Османи – Касулидес

МНР: Средба Османи – Касулидес

spot_img
spot_img

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар Јанис Касулидес, на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, а се разговараше и за начините како да се зајакне соработката, по долги години на многу скромна размена, за што постои подготвеност и јасно изразен интерес.

 

Во однос на евроатлантските интеграции, изразувајќи задоволство од одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Европската унија, министерот Касулидес ја реафирмирана целосната поддршка на Кипар за политиката на проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, и како силен поддржувач, Кипар ќе продолжи да биде силен промотор во понатамошната интеграција и продолжувањето на формалните пристапни преговори за членство со ЕУ. 

 

Двајцата министри разговараа и за енергетските и пошироки економски последици врз европскиот континент, како рефлексија на војната во Украина.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте