Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Осум дена трае молкот на Христијан Мицкоски за неговата улога во спорниот тендер од 136 милиони евра.
Со денови слушаме меѓусебни обвинувања во ВМРО-ДПМНЕ за криминал, за раце во медот, и тоа за тендер тежок 136 милиони евра.
Надлежните институции веќе постапуваат по допрен глас и го чешлаат целиот случај.
Заклучокот е едноставен, во ВМРО-ДПМНЕ криминалната матрица не се менува.
Последните случувања само потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, не само што не е реформирана партија, туку е и дополнително криминализирана.
Граѓаните знаат дека, Златко Перински е поранешен шеф на кабинет на Мицкоски, пред да стане директор на Водовод.
Данела Арсовска пак беше кандидатка која Мицкоски ја промовираше, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа, и ги собра потписите, заедно се шетаа по митинзи и бараа поддршка од скопјани на изборите.
Токму Мицкоски ја пречека Арсовска пред Белата палата со зурли и тапани.
Мицкоски самиот се прогласи за шпицен градоначалник најавувајќи проект за 100 електрични автобуси во Скопје од партиска говорница.
И сето тоа само за да контролира бизниси, тендери и влијанија, само да ја задржи својата фотелја во белиот дворец.
Тоа е Мицкоски, секогаш ги гледал личните и интересите на одредени бизнис групи во ВМРО-ДПМНЕ, отколку интересите на граѓаните и државата.
Сега, фатени со рацете во медот, во ВМРО тендерска ДПМНЕ со лаги се обидуваат да се исперат, но не можат.
Наместо да се крие со денови, шпицниот градоначалник Мицкоски да излезе и да одговори на граѓаните:
Која е неговата улога во тендерот од 136 милиони евра?
За колку тегли мед пропадна бизнисот со електрични автобуси во Скопје?
Извор: СДСМ