spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииИницијативата на Левица за Рефрендум е уште еден доказ: само Апасиев и...

Иницијативата на Левица за Рефрендум е уште еден доказ: само Апасиев и Мицкоски се против ЕУ

Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ

Ова е уште еден обид на антиевропската коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица на неуставен начин да го блокира европскиот пат на државата.

Единствени којшто се против ЕУ токму во оваа фаза во којашто се наоѓаме со почеток на преговорите и скрининг процесот се Христијан Мицкоски и Левица.

Криминалната антиевропска коалиција бара спас за својата фотеља, бара спас преку блокирања и штета врз државата.

За среќа на граѓаните ова е уште еден неуспешен обид и овој обид нема да помине. Државата ќе продолжи и понатаму кон европскиот пат секако со сите придобивки којшто ги носи овој процес.

 

Северна Македонија ги започна преговорите и скрининг процесот и како државотворна и одговорна партија верувам дека ќе продолжиме по вистинскиот пат, забрзан, се со цел час поскоро да ги завршиме обврските и да ги имаме придобивките којшто ги носи европскиот процес на нашата држава.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Демир Хисар: Буџетски Форум за 2025 година

0
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето...