Во рамките на Дигиталниот самит, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити говореше на панел дискусија заедно со министрите колеги од регионот.
Учесниците имаа можност да разговараат и разменуваат идеи, искуства и идни планови поврзани со дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан.
Акцентот беше ставен на можностите за изградба и развој на најсовремена софистицирана технолошка инфраструктура, која ќе донесе бенефити во трансформацијата на администрацијата и процедурите.
Министерот Алити се осврна на нашите заложби во однос на дигитализацијата, досегашните резултати и планираните идни активности за остварување на дигиталните цели.
Овој, петти по ред Дигитален самит за земјите од Западен Балкан, годинава се одржува во Приштина на 21 и 22 септември при што организирани се бројни настани во интерес на развојот на дигитализацијата.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација