spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Демант за обвинувањата од Трипуновски за наводно ,,исчезнати" документи

МЗШВ: Демант за обвинувањата од Трипуновски за наводно ,,исчезнати” документи

Најостро ја демантираме изјавата на Цветан Трипуновски во врска со хакерскиот напад и наводно „исчезнати“ документи.
Електронскиот систем на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на 12-ти овој месец беше цел на хакерски напад од меѓународна хакерска група Black Byte.

 

За нападот е информирана јавноста, веднаш истиот ден, преку објава на фејсбук страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и испратено соопштение за јавност.
Нападот е пријавен во Министерството за внатрешни работи за понатамошно истражување и постапување, побарана е помош и од АЕК и од други меѓународни институции.
Превентивно поради сериозноста на нападот времено вон функција беа ставени сите системи на министерството. Апликациите на министерството како на пример ЕРЗС системот, ФАДАН, системот за идентификација на земјоделски парцели и други апликации не се оштетени од овој напад, но превентивно веднаш по нападот беа исклучени и сега повторно се активни. Поради превенција во моментот системот е делумно подигнат, односно како се отстрануваат проблемите етапно системот се чисти и се враќа во фунцкија.

Во однос на обвинувањето дека веб страната на министерството не работи, посочуваме дека обвинувањата се смешни и неосновани бидејќи страната на МЗШВ е активна цело време и функционира без никаков проблем.

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте