spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Ескобар

МНР: Средба Османи – Ескобар

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи  на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, оствари средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

 

Соговорниците изразија задоволство што Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД веќе ги дава првичните резултати под формата на американски грантови наменети за зајакнување на владеењето на правото, културата и одбраната. Ваквиот развој на соработката претставува уште една потврда за долгогодишното сојузништво и силно стратешко партнерство меѓу двете земји.

 

“Посветено работиме на дефинирање на идните активности кои произлегуваат од стратешкиот дијалог и имаат за цел зајакнување на рефомските процеси и гарантирање на демократскиот напредок и просперитет на земјава. Благодарни сме за континуираната американска поддршка низ годините, со посебен акцент на нашиот евроинтегративен процес како особено значаен за целокупната регионална стабилност.” – истакна Османи.

 

Воедно, на средбата беше поздравено сојузништвото меѓу двете земји во рамки на НАТО, при што беше истакната поддршката за Украина и заедничките заложби за одбрана на современите демократски принципи и вредности, како и силна осуда за руската воена инвазија.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...