spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“ во пилот населбата...

МЖСПП: Проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“ во пилот населбата Лисиче покажа успешни резултати

Мерките преземени за подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замената на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче дадоа резултат и покажаа намалување на загадувањето на воздухот внатре во домовите и во околината каде што беа направени интервенциите. Овие анализи беа презентирани на завршниот настан на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“, финансиран од Шведска, а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје.

 

Податоците врз кои се направени анализите беа собирани од повеќе мобилни и статични мерни станици кои во минатите две години беа поставени на повеќе места низ населбата и вршеа мерења на загаденоста на воздухот кои потоа беа анализирани со најсовремена опрема на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, набавена токму за оваа намена.

DSC_0310

Истакнувајќи ја важноста на добрата и координирана соработка на сите нивоа, вклучително и на академската заедница, министерот Нуредини зборуваше за придобивките на Министерството и на граѓаните од овој проект.

-Доопремување на Државниот мониторинг систем за квалитет на воздухот со поддршка на Шведската Агенција за заштита на животната средина овозможи истиот да биде во добра кондиција пред претстојанта грејна сезона – истакна министерот Нуредини најавувајќи дека од буџетски средства покрај новите станици во Берово и Прилеп до крајот на годината уште една во Охрид ќе биде ставена во функција. Исто така, Нуредини укажа на важноста на Студијата за утврдување на уделите на различните извори на емисија во Градот Скопје, бидејќи таа овозможи научна поткрепа во детектирањето на изворите на загадување.

DSC_0313

Според Нуредини  проектот на практичен начин ја покажа важноста не само на изборот на начинот на затополување, потребата од штедење на енергијата, туку и на енергетската ефикасност на домовите и на јавните установи во справувањето со загадувањето на амбиенталниот воздух.

– Кризата не е само кај нас, туку е секаде во Европа и пошироко, но ние и понатаму остануваме на определбите дека мора да се внимава при користење на енергенсите што ќе ги користиме за затоплување, да се избираат енергенси што се помалку штетни за животната средина, без оглед дали станува збор за дрво, пелета, или друг вид на гориво бидејќи најпосле станува збор за нашето здравје. Секое гориво има пропишани стандарди што треба да се почитуваат при изборот и купувањето, треба да се почитувааат  препораките на Владата за штедење на струјата  и секако во рамките на можностите да се внимава на енергетската ефикасност на домовите, но и на институциите – изјави Нуредини.

DSC_0299

Во рамки на проектот вреден над два милиони американски долари, 129 социо-економски ранливи домаќинства добија финансиска помош.  Во 81 домаќинство се заменети старите врати и прозорци со нови, направени се 39 енергетски ефикасни фасади и реновирани се 33 покриви. Инсталирани се 428 инвертери и пет топлински пумпи, а 37 стари печки и шпорети се заменети со нови печки на пелети.

На настанот се обратија и шведската амбасадорка Ами Ларсон-Џеин, Постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Армен Григорјан и градоначалник на општина Аеродром  Тимчо Муцунски.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...