Согласно Законот за водите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2008, 6/2009, 161/2009, 83/2010, 51/2011, 44/2012, 23/2013, 163/2013, 180/2014, 146/2015 и 52/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/2021) изработени се нацрт текстови за следните подзаконски акти:
- Уредба за начинот на пресметување на единицата на штетност и начинот на плаќање на варијабилната вредност на висината на надоместокот за испуштање во води
- Правилник за потребните мерки за техничко набљудување на браните и придружните објекти и акумулации
- Правилник за формата и содржината на водната книга и начинот на нејзино воспоставување и одржување
Со цел вклучување на јавноста во подготовката на подзаконските акти, Министерството за животна средина и просторно планирање на својата веб страна ги објавува текстовите на нацрт правилниците заради добивање на забелешки и мислења по истите од јавноста и од засегнатите институции.
Вашите забелешки, коментари и мислења по наведените подзаконски акти може да ги доставите најдоцна до 01.11.2022 година писмено до архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, адреса Плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје или на следната електронска адреса: infoeko@moepp.gov.mk.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање