До советничката група на Левица во Карпош изминатиот период пристигнаа повеќе поплаки поврзани со незаконско оградување јавен простор. Се работи за површина помеѓу зградите на ул. Варшавска и Бул. 8-ми Септември и спортскиот терен на СГГУГС „Здравко Цветковски“, на кој е поставена рампа, а просторот се користи за паркирање.
Жителите на околните згради, кои немаат пристап до јавниот простор, веќе неколку пати се обратиле до општинските служби, но оттаму немаат добиено конкретен одговор. Дополнително, до Левица Карпош пристигнаа и гласини дека оваа рампа е поставена со амин од Стефан Богоев, поранешен градоначалник на Општина Карпош, сега потпретседател на СДСМ.
Јавно го повикуваме Богоев да се изјасни околу овие гласини, а до надлежните општински служби на Карпош бараме најбрз одговор околу легалноста на оваа рампа и нејзино отстранување, доколку истата не е легална.
Извор: ЛЕВИЦА