spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаНе се знае дали и кога ќе проработи градинката во Драчевиќ, ама...

Не се знае дали и кога ќе проработи градинката во Драчевиќ, ама вработувања ќе има!

Еден од клучните адути на СДССМ за предизборна кампања на локалните избори во Кочани минатата година беше изградбата на детска градинка во населбата Драчевик. Меѓутоа, градинката не почна со работа ниту ланскиот, ниту овој септември, а прашање е и дали воопшто ќе отпочне со работа.

Имено, уште првите дождови минатата зима покажаа дека објектот изграден во функција на предизборната кампања прокиснува на сите страни и не е безбеден. Веројатно тоа е причина што до денес не е избрана фирма за надзор, ниту пак е извршен технички прием на објектот.

Меѓутоа, ваквата состојба ни малку не им пречеше на советниците од ВМРО и СДССМ со здружени сили да го изгласаат планот за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ откако очигледно претходно постигнале договор за поделба на новоотворените работни места за потребите на објектот што којзнае дали и кога ќе отпочне со работа. Настанот не е преседан: коалицијата за делење работни места е на сила уште од седницата во јули што се одржа во сабота, рано наутро, кога беа изгласани средства за привремени вработувања, очигледно во замена за неколку директорски места во училиштата.

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте

Информација по повод одбележувањето на 8 септември, Денот на независноста

0
По повод 8 септември, Денот на независноста, Владата организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“. Свечената академија ќе се одржи во...