spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Асфалтирање на улица во зоната Ќојлија

Петровец: Асфалтирање на улица во зоната Ќојлија

Во мултифункционалната зона Ќојлија,  се асфалтираше дел од улицата каде индустриските објекти се целосно завршени и истите се во функција. Улицата која се асфалтира е во должина од 200 метри а покрај истата е изработена и пешачка патека која е поплочена со павер елементи

Градоначалникот Борче Митевски  беше на лице место во мултифункционалната зона Ќојлија, за одблиску да се запознае со текот на активностите поврзани со асфалтирањето на дел од улицата. Финансиските средства за овој проект во целост се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.

Асфалтирањето и на преостанатите улици во зоната ќе продолжи во периодот кој следи, секаде каде индустриските објекти се ставени во функција.

 

 

 

Извор: Општина Петровец 

Прочитајте