На фудбалското игралиште на ФК Петровец се отворија OPEN FUN игрите каде околу стотина дечиња учесници на овие игри се забавуваа и дружеа меѓусебно.
На свеченото отварање на OPEN FUN како е на секое претходно отварање на овие игри присуствуваше градоначалникот Борче Митевски, кој воедно се обрати пред присутните дечиња и пред организаторите на овие игри и им посака успешен почеток на неколкудневните игри со мегусебно дружење и забавување.
Општина Петровец секогаш помагала и ја поддржувала оваа спортска манифестација и ќе продолжи да ја поддржува и во иднина, се со една цел, дечињата повеќе да спортуваат, да се забавуваат, запознаваат и дружат меѓусебно.
Извор: Општина Петровец