spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити ја пречека Претставничката од УСАИД во РСМ г-ѓа Џери...

МИОА: Министерот Алити ја пречека Претставничката од УСАИД во РСМ г-ѓа Џери Дајбл

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити вчера ја пречека Претставничката на Канцеларијата на УСАИД во РСМ, г-ѓа Џери Дајбл, со која разговараа за можностите за соработка во областа на дигитализацијата.
Министерот Алити, нагласи, дека досегашната соработка и поддршка со УСАИД, особено за проектите за сајбер безбедноста, се исклучително вредни и дека треба да продолжат, за да донесат задоволителни резултати.
Исто така, Алити ја информираше за ангажманот на МИОА во процесот на реформи во јавната администрација и реорганизација на институциите, со што се труди позитивно да се влијае на професионалноста и ефикасноста на државната администрација.
Соговорниците се согласија да се сретнат и во иднина, со цел да продолжат во продлабочувањето на соработките.

Прочитајте

МЕП: Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во...

0
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на дипломатска делегација на Турција во рамките на состанокот за споделување искуства во процесот на...