spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е...

Центар: Изборот на Валентина Ангелковска за најдобар одделенски наставник во земјата е уште едно признание за квалитетот на образованието во Центар

Општина Центар го има најдобриот просветен работник во категоријата одделенски наставници за 2021/2022 година на ниво на целата држава. Валентина Ангелковска е наставник во ООУ „11 Октомври“ во Општина Центар и денеска доби признание и плакета од Министерството за образование и Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија, Скопје.

По повод Светскиот ден на просветните работници градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од училиштето ООУ „Киро Глигоров“ каде се делеа признанијата и плакетите за најдобри просветни работници од предучилишно, основно и средно образование, им го честиташе празникот на сите наставници, професори и воспитувачи.

„Наставниците се најважната алка во воспитно – образовниот процес и од нив, од нивната креативност и мотивираност најмногу зависи квалитетот на генерациите кои излегуваат од училишните клупи. Вашата улога во втемелувањето знаења е незаменлива затоа со големо задоволство ви го честитам 5-ти Октомври, Светскиот ден на учителот. Во оваа прилика и ја честитам наградата за најдобар просветен работник за 2021/2022 година Валентина Ангелковска која е од нашата општина и е одделенски наставник во ООУ „11 Октомври“. Оваа награда нека биде уште поголем мотив за неа и нејзините колеги за нови достигнувања и успеси“, изјави Герасимовски.

Воедно Герасимовски по повод Детската недела во Паркот на Франкофонијата присуствуваше на манифестацијата на која 606 првачиња од Општина Центар положија свечена заклетва. Општина Центар организираше церемонија на која по заклетвата дека ќе бидат вредни и успешни ученици, ќе ги слушаат наставниците и ќе постигнуваат резултати им подели и прикладни подароци.

„Чест ми е што денеска сум пред вас и имам можност да ви кажам дека вие сте ни радоста, гордоста и иднината. Вложувањето во вас е вложување во подобро утре за сите нас. Денеска на ова свечено давање на заклетва сакам да ја истакнам вредноста на образованието не само во подоцнежниот напредок туку и во личниот развој како индивидуа. Сите вие имате еднакви права за образование, затоа разбудете ја жедта за учење за да можете мудро да одговорите на предизвиците кои следуваат. Наше е да ве научиме да ги спознаете вистинските вредности во животот, да ви обезбедиме достоинствени услови и квалитетно образование“, изјави Герасимовски на церемонијата.

Со денешната заклетва првачињата станаа членови на најголемата Детска организација каде имаат сопствени права кои треба да бидат слушнати и почитувани. Притоа тој им порача  слободното време да го минуваат во дружење, спортување и учење, но да не заборават дека моќта на успехот е во знаењето.

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...