spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

Кисела Вода: Одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа

 

Со забавна програма и подароци, денес, беше одбележан Светскиот ден на лицата со церебрална парализа. Забавата, организирана од Општина Кисела Вода, се одржа во неодамна отворениот клуб во населбата Расадник, наменет и опремен специјално за нив.

Со дечињата со церебрална парализа, се дружеше и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој водејќи грижа тие да имаат простор за игра и дружба прилагоден за нив, целосно ги покрива трошоците за користењето на клубот.

-Денешниот Светски ден на лицата со церебрална парализа е само уште еден повод за да се сретнеме и да си го разубавиме секојдневието со овие дечиња, кои добро знаат дека секогаш можат да сметаат на мене, и како на човек и како градоначалник. Денес сме тука, во ова клупче наменето и оспособено токму за нив. Го отворивме пред три месеци што се покажа како одличен чекор, бидејќи е зголемена социјализацијата, има позитивен ефект врз нивниот развој и им овозможува без пречки да се дружат забавуваат и едуцираат. Ваквите проекти, но и оние за овозможување на достапност на инфраструктурата за лицата со посебни потреби, градење на пристапни рампи, посебни лифтови, сензорни соби, воопшто, отстранувањето на бариерите се вистинскиот начин на кој ќе им покажеме дека се грижиме и дека работиме на постигнување на благородна цел-сите  во општеството да имаат еднакви услови за искористување на својот полн потенцијал. Тоа е и мојата крајна цел, Кисела Вода да биде целосно инклузивна општина, а другите да го препознаат и следат овој пример-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на средбата со дечињата со церебрална парализа.

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...