Владата на Република Северна Македонија, на денешната, 90-та седница, ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката за шински возила „Велес“, ДООЕЛ – Велес (во јавноста позната под називот Колска).
На седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што на овој субјект е доделена финансиска поддршка од страна на Владата.
Извор: Влада