spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: 11 состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа

Охрид: 11 состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа

Се до 16ти во Охрид се одржа единаесетиот состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа. Оваа средба се организира во живо после пауза од две години поради Ковид пандемијата.

На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

– Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид е домаќин на престижен настан  посветен на важноста  на Википедија еден од  петте најпосетувани сајтови во Светот. Живееме во хипер поврзан Свет  на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности. Сведоци сме на невиден технолошки напредок но  и преиспитувања и парадокси. Социјалните мрежи постојано се продлабочуваат и мултиплицираат. Покрај физичките се понагласена улога имаат оптичките коридори и информатичките крстосници, истакна градоначалникот Пецаков.

Претседавачот Кирил Симеоноввски ја потенцираше важноста од одржувањето на овој настан и развивањето на квалитетна дискусија поврзана со темите и посака успех на учесниците во работата.

Предвидено согласно агендата на настанот да се води дискусија на повеќе теми кои се поврзани со потребите на заедниците од државите на Централна и Источна Европа.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...