Транспарентноста и отчетноста пред граѓаните се еден од нашите водечки столбови.
Продолжуваме тековно на секои три месеци јавно да ги објавуваме договорите на дело што ги склучува општина Тетово.
Третиот квартал од годинава општината има склучено вкупно 43 договори, од кои дури 29 во ТППЕ Тетово.
Поучени од искуството со пожарите и поплавите кои ги имавме изминатиот период, а никаква помош и поддршка од Владата, моравме да се фокусиравме на засилување на потенцијалот и работна сила во тетовската пожарна, која имаше исклучително тешки задачи периодов.
Токму со овие 29 договори во ТППЕ, успеваме да го надминеме недостатокот на човечки ресурси, а со тоа гарантираме поуспешна работа на нашите херои и поголема сигурност за граѓаните.
Ангажиравме и експерти за агротуризам, откако увидовме дека овој сектор бил тотално заспоставен од предходното раководство. Земјоделството и руралниот туризам добиваат безрезервна поддршка.
Неколку договори се склучени и во секторот Образование, каде исто работиме со полна пареа за подобри услови на наставниот кадар и учениците.
Сите вработени со договор на дело, на крајот од секој месец уредно доставуваат извештаи за сработеното.
Продолжуваме транспарентно и отчетно, со чист образ пред граѓаните!
СПИСОК НА ЛИСТА НА ДОГОВОРИ НА ДЕЛО
Извор: Општина Тетово