spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаОбјаснувачки скрининг на Северна Македонија во Брисел - Право на интелектуална сопственост

Објаснувачки скрининг на Северна Македонија во Брисел – Право на интелектуална сопственост

Продолжуваме со објаснувачкиот скрининг за Поглавје 7 – Интелектуална сопственост од Кластер 2 – Внатрешен пазар.

Компаниите кои ги почитуваат правата на интелектуална сопственост имаат повисоки приходи на единствениот европски пазар. Преку реалната примена на законодавството за интелектуална сопственост ќе се овозможи производство на иновативни и креативни производи, како и заштита на правото на интелектуална сопственост.

ЕУ ги презентираше измените во европското законодавство поврзано со заштитата на интелектуалната сопственост, со посебен акцент на директивите и регулативите за авторските права и правото на индустриска сопственост.

„Северна Македонија сега има усогласено дел од националното законодавство со Европската Унија поврзано со ова поглавје. Се подготвува предлог-законот за индустриско право и предлог-законот за изменување и дополнување на законот за авторски права кој е во владина процедура.“ – изјави заменик-главниот преговарач за Северна Македонија, г-ѓа Дрита Абдиу-Халили.

Подготвена е Националната стратегија за интелектуална сопственост 2022-2026 година и истата се консултира меѓу владините органи, министерствата и одговорните институции.
Наменската електронска мрежа за размена на податоци меѓу институциите во Системот за интелектуални права (СДИ) е во завршна фаза и се тестира.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...