Државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ оствари работен состанок со државниот секретар во Министерството за господарство и одржлив развој на Република Хрватска г-дин Иво Милатиќ, при што се истакна потребата и можноста за билатерална соработка помеѓу двете држави.
Воедно, се истакна дека Република Хрватска е подготвена за било каква поддршка во процесот на ЕУ интеграции на нашата земја.
Исто така, се оствари работна посета на ОИЕ Хрватска која обединува над 80% од компаниите кои имаат инвестирано во ОИЕ, каде со тимот на екперти се разговараше за можностите за соработка со компании од двете земји, за инвестиции во ОИЕ и опции и модели за финансирање во ОИЕ.
Извор: Министерство за економија