spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото...

МТСП: Родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставнички на  Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Билјана Радончич-Кер-Линдзи, помошник директор во секторот родова и економска инклузија, ЕБРД и Есмералда Шехаљ од ЕБРД -Тирана и Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање на политики(ЦРПМ).

Претставничките од ЕБРД, ги потенцираа главните аспекти на кои работи секторот за родова и економска инклузија, како и родовата компонента во корпорациите. Притоа, посочија дека поврзувањето на образовните институции, приватниот сектор и агенциите за вработување е особено важно затоа што на тој начин може да се креираат најдобрите политики и мерки. Компаниите да ја изложат потребата од тоа што им е потребно, како да го применуваат правилно родовиот концепт и создавањето на еднакви можности за сите. Невработените лица се стекнат со потребните вештини кои се барани на пазарот на труд и нивна активација.
Министерката Тренчевска истакна дека реализацијата на Оперативниот план за активни програми и мерки дава одлични резултати.

„Имајќи во предвид дека за не цели 2 години се вработиле  се 3370 жени а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6035 жени, односно речиси 10.000 жени е доволен доказ за значењето и успешноста на мерките за вработување кои Владата на Република Северна Македонија ги реализира секоја година,“ рече Тренчевска.

Министерката се осврна и на Стратегијата за родова еднаквост, 2022-2027 година која е основен стратешки документ на Република Северна Македонија со кој се воспоставува сеопфатна рамка за понатамошни активности во насока на унапредување на родовата еднаквост и зајакнување на жените.
„Со донесување на оваа Стратегија, Република Северна Македонија се стреми кон унапредување на состојбата на родовата еднаквост во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски, препознавајќи дека родовата еднаквост е еден од клучните аспекти за просперитет на целото општество,“ истакна Тренчевска.

На средбата стана збор и за новиот Закон за родова еднаквост, чија цел е да се обезбеди остварување на потполна родова еднаквост во сите сфери на јавниот и приватниот живот со зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството и овозможување на еднакви можности за остварување на сите права преку унапредување на родовата еднаквост. Очекувањата се дека тој наскоро ќе стане дел од нашето законодавство.
Соговорниците изразија подготвеност за понатамошна соработка на полето на родова еднаквост.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте