spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗа ефикасно справување со сивата економија и корупцијата неопходен е координиран и...

За ефикасно справување со сивата економија и корупцијата неопходен е координиран и системски пристап

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска имаше состанок со делегација од Трезорот на САД, составена од Џорџ Дод, постар советник за јавни приходи и Лесли Леркиндер, помошник директор за јавни приходи, со кои разговараше за потребата за унапредување на капацитетите на институциите во земјата во борбата против сивата економија и корупцијата.

Вицепремиерката Грковска се заблагодари на претставниците од Трезорот на САД, кои се во оценска мисија на Република Северна Македонија за дефинирање на меѓусебната соработка во наредните пет години, за поддршката што САД и ја дава на нашата држава во јакнење на капацитетите на институциите.

Таа истакна дека е многу важно преку системски политики и мерки координирано да се спротивставиме на сите облици на корупција.

Во таа насока, додаде Грковска, е подготовката на законот за потекло на имот, чија изработка ја координира Кабинетот за политики за добро владеење, кој е во завршна фаза.

Дополнително, оцени вицепремиерката, таков координиран пристап мора да имаме и за подготовка на законска регулатива за офшор трансакциите, за што побара поддршка и експертиза од САД.

Господинот Дод нагласи дека, според досегашната анализа има простор за соработка во повеќе области, како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, како и низа други институции кои имаат клучна улога во справувањето со сивата економија и организираниот криминал и корупцијата.

Тој оцени дека многу важно во овој процес е соодветна екипираност на институциите со стручни кадри кои ќе одговорат на задачите, но и да се зајакне системот на внатрешна контрола во институциите.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...