Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски изврши увид на градежни работи на крак од улица 4 во Ново Село во должина од 150 метри.
Во првата година од мандатот на Стојкоски, реализирана е реконструкција на 26 улици, со меѓуопштинска соработка со Град Скопје, улици кои се од витално значење за секојдневното живеење.
-Пред една година ветив Ѓорче без кал. Од прв ден работиме посветено и фокусирано на решавање на децениски проблеми на нашите сожители. Задоволството на моите сожители е најголема награда за сработеното. Баба Деса ми вели дека е среќна што на 89 години доживеала најстарата улица во Ново Село да добие асфалт – реч Стојкоски при средбата со жителите на Ново Село.
Извор: Општина Ѓорче Петров