spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Средба Османи - Сафади во Аман

МНР: Средба Османи – Сафади во Аман

Во рамки на првата работна посета на Хашемитското Кралство Јордан, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со заменик премиерот и министер за надворешни работи и иселеништво, Ајман Сафади.
 
Во фокусот на разговорите беа темите поврзани со односите меѓу Северна Македонија и Јордан, на билатерално и мултилатерално ниво, како и начините за нивно понатамошно  унапредување, во периодот што следи. Особено значаен аспект беше потпишувањето на Протоколот за соработка меѓу двете министерства за надворешни работи, со кој се олеснува и поттикнува соработка и непосредна комуникација на политичко, економско, научно, културно и други полиња на интерес.
 
“Денешната посета претставува потврда на заемните заложби за интензивирање на односите, особено во делот на економијата, бизнис релациите и културните врски. Искрено, очекувам одличното ниво на соработка, да се интензивира со зголемена динамика, затоа што ја делиме истата посветеност на мир и стабилност, и во регионот и ширум светот”, истакна Османи.
 
На средбата стана збор и за интересот на Северна Македонија за членство во Унијата за Медитеранот, при што Османи изрази благодарност за јорданската недвосмислена поддршка за реализирање на оваа цел.
 
“Идното членство на Северна Македонија во Унијата за Медитеранот ќе обезбеди поблиско вмрежување и интеграција во европските структури што работат со регионот на Средоземното Море и подобра интеракција со јужното соседство на Европската Унија. Тоа дополнително ќе придонесе за потесна соработка нашите земји за зајакнување на медитеранскиот регион и создавање можности за нови проекти во насока на креирање посилен и инклузивен регион.” – заклучи Османи.

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте