spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Започна 9-тата годишна Дримска Конференција

МЖСПП: Започна 9-тата годишна Дримска Конференција

Државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, учествуваше на 9-тата годишна Дримска Конференција, која на 25 и 26 октомври се одржува во Тирана, Албанија.

Започна 9-тата годишна Дримска Конференција

Конференцијата е организирна во рамките на Дримската Координирана акција (CORDA) за имплементација на Меморандумот за разбирање за Дрим (MoU) и поддржувачкиот проект на ГЕФ/УНДП: “Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот басен на Дрим” (Drin Project ).

IMG_20221025_164907

– Наш приоритет поврзан со Дримскиот басен е имплементирањето на Националните решенија, особено оние кои се однесуваат на под-сливот на Охридското Езеро, како еден од клучните елементи за заштита на квалитетот на водите и исполнување на критериумите поставени од УНЕСКО – истакна Шукова во своето воведно обраќање.

Таа апелираше земјите вклучени во проектот „Дримски Басен“ и донаторската заедница да продолжат со интензивната соработка и да ги користат стратешките документи и алатки развиени во рамките на проектот. Воедно, рече и дека, за да се спроведат приоритетните мерки од Стратешката акциона програма, потребни се координирана акција и поддршка за следната фаза на заедничкото управување со Дримскиот басен.

 

На 9-тата Дримска Конференција учество земаа претставници на надлежните институции во Дримскиот Басен од Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, како и претставници од меѓународните организации и донатори, кои дискутираа за тековните и планираните активности и ги презентираа своите видувања за сегашната и идна соработка за управување со Дримскиот Басен.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте