Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање истакна дека Владата со навремени и таргетирани мерки дава постојана поддршка на граѓаните и компаниите во услови на економска и енергетска криза.
„Со последниот пакет на финансиска помош, директна финансиска поддршка обезбедуваме за 42. 000 граѓани во државата кои што се од најранливи категории на граѓани. Тоа се лица кои што се приматели на помош за социјална сигурност, лица кои користат право на попреченост, родители на деца со попреченост до 26 годишна возраст итн. за што се одвоени 8 милиони евра.
Директна финансиска помош од вкупно 6.000 денари за пензионери кои што земаат до 11.525 денари, а воедно директна финансиска помош од 3.000 денари за пензионери кои што имаат пензија од 11.525 до 14. 000 денари, и ова беше поздравено од здруженијата на пензионери бидејќи оние кои што имаат најниски пензии тие ќе ја добијат помошта со која што ќе можат подобро да се справат во овие тешки економски услови за кои што сите имаме разбирање“, рече премиерот Ковачевски.
Извор: Влада