Министерството за финансии со рационално користење на енергијата, а согласно задолженијата дадени од Владата за заштеда на електрична енергија, во септември 2022 година направи заштеда на електрична енергија од 32% во споредба со потрошената во септември 2021 година.
Заштедата не значи само финансиски бенефит. Во период кога се соочуваме со недостаток на енергенси на глобално ниво, особено на европското тло, тоа е придонес кон безбедно и сигурно снабдување со електрична енергија. Тоа ќе овозможи периодот што ни претстои, кога има зголемена потрошувачка на електрична енергија заради затоплување, да го поминеме во топли простории и да не се соочиме со рестрикции.
Секој може да даде придонес кон стабилноста во снабдувањето со електрична енергија и тоа директно зависи и од нашето поединечно однесување.
Во таа насока, Министерството за финансии, како и другите институции, спроведе мерки што не го нарушуваат процесот на работа и безбедните услови за работа, а притоа се обезбеди заштеда од 32%. За тоа придонес имаат и вработените со своето одговорно однесување.
Рационалното користење на електричната енергија преку воведените мерки што се покажаа како соодветни за нашата институција ќе продолжат да се применуваат и во наредните месеци.
Изгаснете ги светилките кога за тоа нема потреба, тоа ние го направивме во септември, и искористете ја дневната светлина. На тој начин заштедуваме и на осветлување и на затоплување на просториите. Компјутерот исклучете го кога не ви треба, тоа го направија нашите вработени. Во ходниците светилките се вклучуваат на сензор, па истите се осветлени само кога е неопходно. Ова се мерките што ни донесоа до 32% пониска потрошувачка. Да продолжиме на тој начин и да се обидеме сите да дадеме придонес кон надминување на оваа криза со најмали последици за сите нас. Електричната енергија е добро што на сите ни е неопходно!
Малата промена на навиките значи многу во оваа криза, а воедно ќе се задржи комфорната зона за сите.
Извор: Министерство за финансии