spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаДелчево добива современ градски пазар, рамномерниот развој е приоритет на оваа Влада

Делчево добива современ градски пазар, рамномерниот развој е приоритет на оваа Влада

Премиерот Димитар Ковачевски на работната посета во Општина Делчево го посети и затворениот пазар кој е во завршна фаза на изградба.

Со реализацијата на овој проект, Делчево за прв пат добива современ градски пазар со целата инфраструктура, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање храна и најразновидна стока, како и соодветен паркинг– простор.

Градскиот пазар е со површина на градежна парцела 11.599 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи и друг вид стоки, но и затворен дел.

Изградбата на современиот градски пазар има регионално значење, бидејќи Делчево како погранично место е често посетувано од посетители од соседна Бугарија, но и од градови од целата држава.

Изградбата на објектот има и дополнително значење. Дополнително овој дел на градот добива современ урбан изглед со можност да се создадат атрактивни локации за идни нови градби и развој на трговијата.

Вкупната вредност на проектот е 43,5 милиони денари. Во првата фаза од изградбата, 7 милиони денари беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој, а 7,9 милиони денари беа обврска на Општина Делчево. За втората фаза од изградбата обезбедени се средствата во висина од 13,9 милиони денари од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија преку Источно-планскиот регион, а 14,5 се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево.

 

 

Извор: Општина Делчево

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...