Продолжува градежната офанзива низ улиците на општина Кисела Вода. Во моментов, градежни активности се одвиваат во урбаната заедница Цветан Димов, каде се врши санација на неколку улици. Нов асфалт ќе добијат Тоне Томшиќ, крак на улицата Мишко Михајловски и дел од Дичо Петров. Се работи за површина од околу 2300 квадратни метри, која на жителите од овој дел на Кисела Вода ќе им овозможи подобри и побезбедни услови за сообраќај, како и подобра естетика на просторот. Се планира овој градежен зафат да биде готов до крајот на следната недела.
Паралелно, обнова на асфалтот се врши и во урбаната заедница Кисела Вода, каде се интервенира на дел од улицата Димо Хаџи Димов и на улицата Марко Орешковиќ.
Како што во повеќе наврати истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, обновата на патната инфраструктура која во голема мера го условува и економскиот развој на општината, ќе ги опфати сите месни и урбани заедници, со цел равојот на Кисела Вода да биде рамномерен.
Извор: Општина Кисела Вода