Министерството за финансии на Република Северна Македонија ја известува заинтересираната јавност дека на 21.10.2022 одржа јавна консултација поврзана со планираното реализирање на проектот „Градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии во Северна Македонија“. Финансирањето на овој проект се планира да се обезбеди со средства од Светска банка и со кофинансирање од ЕУ.
Министерството за финансии по одржаната јавна консултација со засегнатите чинители, а согласно барањата што произлегуваат од проектот во врска со делот на заштитата на животната средина и социјалните аспекти ги објавува следните документи:
План на заложби за животната средина и социјалните аспекти (МК)
Постапки за управување со работната сила (МК)
План за ангажирање чинители (МК)
Извор: Министерство за финансии