spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Наградени ученици коишто учествуваа на Конкурсот за учениците од основното и...

МФ: Наградени ученици коишто учествуваа на Конкурсот за учениците од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Наградени ученици коишто учествуваа на Конкурсот за учениците од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври

Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградените ученици по категории. Добивме голем број трудови и во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме.

На Конкурсот за учениците од основното образование на тема „За денарот твориме, за денарот славиме: 30 години од воведувањето на македонскиот денар!“ пристигнаа вкупно 771 ученички труд, од кои 130 се литературни творби – песни, 128 литературни творби – раскази и 513 ликовни творби – цртежи.

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД 1. ДО 5. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Јана Наумова, V-в одд., ООУ „Димо Хаџи Димов“ – Скопје;
  2. Мила Кацкаровски, V одд., ООУ „Петар Поп Арсов“ – Скопје;
  3. Дрен Рамадани, IV-4 одд., ООУ „Хасан Приштина“ – Скопје.

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЛИКОВНИ ТВОРБИ ОД 6. ДО 9. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Стефанија Костадинова, VII-3 одд., ООУ „Кирил и Методиј“ – Свети Николе;
  2. Ивона Кицевска, VI-1 одд., ООУ „Ѓорче Петров“ – Скопје;
  3. Ерза Цапа, IX-2 одд., ООУ „Саид Најдени“ – Дебар.

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ ‒ ПЕСНИ ОД 1. ДО 5. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Александар Ќироски, V-3 одд., ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово;
  2. Јана Стојановска, IV одд., ООУ „Коле Канински“ – Битола;
  3. Мартина Переска, III-в одд., ООУ „Димитар Македонски“ – Скопје.

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ ‒ РАСКАЗИ ОД 6. ДО 9. ОДДЕЛЕНИЕ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Ива Живковска, VIII-3 одд., ООУ „Круме Кепески“ – Скопје;
  2. Ања Димовска, IX-2 одд., ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ – с. Иванковци, Велес;
  3. Исмаил Шасивари, IX-3 одд., ООУ „Перпарими“ – Голема Речица, Тетово.

 

На Конкурсот објавен за учениците од средното образование на зададената тема „Македонскиот денар како национална валута ‒ еден од симболите на независноста“, во предвидениот рок, пристигнаа 26 есеи.

 

ВО КАТЕГОРИЈАТА ЕСЕИ СЕ НАГРАДЕНИ:

  1. Никола Илиевски, III година, СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија;
  2. Мила Ѓорѓиевска, I година, СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ – Скопје;
  3. Ева Дејановска, I година, СОУ „Гостивар“ – Гостивар.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...