„Мерки за заштита од пожар во објекти за колективно домување” е темата на обуката што се одржа во просториите на Град Скопје, а на која присуствуваа претставници на лиценцирани управители на објекти за колективно домување во Скопје. На обуката своето практично искуство го сподели командирот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, м-р Звонко Томевски.
На обуката беше нагласено дека за добросостојбата и безбедноста на граѓаните и нивниот имот е од исклучително значење да се обезбеди функционалност на опремата за противпожарна заштита која е поставена во зградите односно објектите за колективно домување, со редовни проверки и замена на оштетените делови.
Целта на оваа обука за управителите на објекти за колективно домување е да се нагласи важноста за подобрување на превенцијата од евентуални пожари и да се презентираат мерките за заштита при незгоди.
Извор: Град Скопје