Почитувани граѓани,
Општина Илинден го започнува процесот на изработка на новиот Буџет за 2023 година.
Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните.
Посветени на оваа цел, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица за активно учество во креирање на новиот буџет со свои предлози за подобрување на условите за живот, да ги посочат предлозите, потребите и проблемите со кои се соочуваат во општината.
Ваквата инклузивна можност со директно учество од страна на сите граѓани, здруженија и правни лица ќе овозможи ефективни механизми за подобрување на квалитетот на локалните услуги и ќе воспостави процеси на одговорност, транспарентност и отчетност на локалната власт.
Ве повикуваме и охрабруваме сите Ваши предлози преку пополнување на анкетен лист да ни ги испратите по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk , или директно во архивата на општината секој работен ден до 30.11.2022 година.
Предлозите ќе бидат анализирани од соодветните сектори, согласно финансиските можности, остварливоста и издржливоста на проектите и ќе бидат интегрирани во нашите буџетски програми.
Ви благодариме на соработката.
Извор: Општина Илинден