spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Со реформите во образованието од најрана возраст ги учиме децата на...

МОН: Со реформите во образованието од најрана возраст ги учиме децата на толеранција, за да не се повторат историските грешки од минатото

Никогаш не смееме да ги заборавиме историските настани како прогонот на Евреите, треба да ги одбележуваме и постојано да потсетуваме на нив, со единствена цел да научиме како да постапуваме, за во иднина да не се повтори минатото, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на Комеморативна седница по повод Кристалната ноќ, која во 1938 година го означи почетокот на погромот на Евреите во Европа. Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје веќе шеста година го одбележува овој настан, а годинава и во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Правниот факултет од Тетовскиот универзитет.

 

„Треба да создаваме образовани млади генерации, образовани и од семејството и од училиштето и од средината во која живеат. Нови генерации без чувство на омраза, туку со почит, хуманост и соживот како цивилизациски вредности“, нагласи министерот Шаќири, додавајќи дека со реформите што ги правиме во сферата на образованието, посебен акцент се става на интеграцијта и интеркултурализмот, кои промовираат толеранција без оглед на расните, верските или етничките разлики, стимулирајќи поголема блискост меѓу различните заедници кои живеат во нашата земја. Подобрувањето на меѓуетничката интеграција во образованието создава и подобра  социјалната кохезија во општеството.

 

Со новите наставни програми антисемитизмот се изучува како тема во повеќе одделенија и истовремено е содржина на воннаставни активности. Се ова има за цел да се сензибилира прашањето за Холокаустот, за никогаш повеќе да не се повтори, наведе министерот Шаќири.

 

„Училиштето е вистинското место каде уште од најрана возраст децата можат да се научат на позитивни вредности, за да се развијат во личности со хумани карактеристики. Како министер за образование и наука, се залагам за континуирано елиминирање на омразата и дискриминацијата во образовниот процес“, рече министерот за образование и наука Шаќири.

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...