Мал придонес кон борбата против сиромаштија од општина Ѓорче Петров во период кога се одбележуваат Светскиот ден за борба против сиромаштија и Светскиот ден на храната.
Градоначалникот Александар Стојкоски и вработените од општина Ѓорче Петров донираа облека, прехранбени и хигиенски производи за оние кои ја посетуваат кујната во црквата „Св.Петар и Павле“.
-Нашето малку можеби за некого е многу. Овие денови нека бидат потсетник дека благодет е да се помогне на сиромашните. Да продолжиме и во иднина на вакви начини, заеднички и организирано да помагаме на социјално-ранливите категории. Општина Ѓорче Петров продолжува и со праксата за еднократна парична помош на болни и ранливи категории, според правилникот за категоризација – рече Стојкоски.
Извор: Општина Ѓорче Петров