Во централното општинско основно училиште ООУ, „Браќа Миладиновци“, денеска беше изведена показна вежба за евакуација при елементарни непогоди.
Општина Илинден во соработка со Црвениот Крст на град Скопје, спроведе показна вежба од превентивен карактер при ситуација на елементарна непогода.
Целта на вежбата беше запознавање на учениците и наставниот кадар со мерките за евакуација во ситуација на елементарни непогоди, едукативно и превентивно делување, подготовка на степенот на безбедносни мерки и заштита на учениците и вработените во услови на непогода.
Показната вежба ја следеше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, тој истакна дека од исклучителна важност е учениците и вработените во образовните институции да бидат запознати со начинот на преземање на безбедносни мерки и заштита при вонредни состојби и да делуваат превентивно и едукативно за зголемена безбедност.
Симулацијата беше успешно изведена согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата.
Извор: Општина Илинден