spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПетровец: Јавен повик

Петровец: Јавен повик

Врз основа на член 50 став 1 точка 16, а во врска со став 1 точка 11 од Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на Република Македонија” бр.5/02) и член 33 од Законот за заштита на деца (,,Службен Весник на Република Македонија” бр.23/13, 12/14, 44/14, 144/14, 10/15, 25/15, 150/15, 192/15, 27/16, 163/17, 21/18, 198/18, и ,,Службен Весник на Република Северна Македонија” бр.104/19, 146/19, 275/19, 311/20, 294/21, 150/22), Градоначалникот на Општина Петровец објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

До сите родители/старатели на деца со попреченост до 26 годишна возраст за доделување на еднократна годишна парична помош. Целта на овој повик е да дадеме мал финансиски инпут за овие семејства со што би направиле детален скрининг на локално ниво за статусот, бројката и типот на попреченост и во иднина ова би дало можност за нивно згрижување, едукација и интегрирање во општеството и јавните институции на локално ниво.

Право да се јават на овој повик имаат само жители на Општина Петровец и се родители/старатели на дете со попреченост до 26 години живот, односно според член 33 од Законот за заштита на деца, дете со:
-тешки, потешки или најтешки пречки во телесниот развој;
-умерена, тешка или длабока ментална попреченост
-најтешки облици на хронични заболувања
-најтежок степен на оштетување на видот, слухот или говорот (слепо лице и практично слепо лице, практично глуво и тотално глуво лице, лице со потполно отсуство на говорот, лице со тешко оштетен говор поради детска парализа, лице со аутизам и лице со оштетен или изгубен порано стекнат говор)
-даунов синдром
-повеќе видови на пречки (комбинирани) во развојот

Барањето може да се подигне од Архивата на Општина Петровец или да се превземе од веб страната на Општина Петровец (www.petrovec.gov.mk), а во прилог на барањето да се достават следниве документи:

  • Фотокопија на важечка лична карта на родител/старател
  • Фотокопија од трансакциска сметка на родител/старател
  • Наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата издадено од стручен орган и Решение од надлежен центар за социјална работа за видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот и телесниот развој.

Барањето се доставува лично во Архивата на Општина Петровец или по пошта на адреса ул.1 бб 1043 Петровец.

Барањата треба да се достават до 10.12.2022 година.

Лице за контакт:
Марија Здравковска
Тел.бр. 02/2562-239

Барање pdf

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...