Одржување на здравата животна средина претставува една од главните цели за кои се залага Општина Карпош. Во таа насока, локалната самоуправа презема низа активности, мерки и применува соодветна методологија за третирање на отпадот. Притоа, општината започна со процесот на селекција, собирање и рециклирање на стаклениот, хартиениот, пластичниот и металниот отпад, како во административниот така и во граѓанскиот сектор.
Во тој поглед, Општина Карпош како локална единица успешно го имплементира и спроведува Интернационалниот систем за менаџмент за заштита на животната средина ИСО 14001 : 2015, а исто така е вклучена и во системот за примарна селекција на отпад на две фракции на хартија и пластика. Локалната самоуправа има склучено договор со лиценциран оператор, чија обврска е да го преземе и складира електричниот и електронскиот отпад како и отпадот од батерии.
Единствено преку одговорен пристап и стратегија за менаџирање на отпадот на локално ниво, Општината може да одговори на предизвиците кои се однесуват на зачувување на здравата животна околина.
Извор: Општина Карпош