Во процесот на креирање на успешна стратегија за сајбер безбедност има потреба од дефинирање на безбедносните цели и одредување дали одговорностите се соодветно доделени во одржувањето на безбедноста и градењето на сигурен Интернет за државата и нашите граѓани.
За да имаме успешна стратегија, потребно е истата да се креира во партнерство и во согласност со сите засегнати страни.
МИОА како надлежна институција за процесот на изработка на Националната стратегија за сајбер безбедност, изработил документ за дискусија на платформата ЕНЕР во следниот линк https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=45, која како тема ја третира идната Национална стратегија за сајбер безбедност 2023-2026.
Целта е да се отпочне со отворена дискусија и да се чујат ставовите на сите засегнати страни, со што ќе се придонесе да се постигне значителен напредок на полето на сајбер безбедност, а тоа ќе води и кон поголем просперитет на Република Северна Македонија над истото поле.
Сајбер безбедноста е важна за сите и затоа е важно да се чујат ставовите на малите, средните и големите бизниси, на индустриските тела, академијата, невладините организации, владините агенции, групи на заедницата и членови на јавноста.
Во содржината на објавениот документ, со цел да ги осознаеме Вашите мислења и идеи на оваа тема, отвараме неколку теми и прашања за кои се надеваме дека би сакале да го дадете Вашиот придонес и да ги споделете со нас Вашите одговори.
Само со заедничка тесна соработка на Владата, академијата, индустријата и граѓанските заедници можат да ја зајакнат сајбер отпорноста на национално ниво и да обезбедат просперитет и заштита на онлајн интересите на сите.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација