spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Дискусија околу Националната стратегија за сајбер безбедност 2023- 2026

МИОА: Дискусија околу Националната стратегија за сајбер безбедност 2023- 2026

Во процесот на креирање на успешна стратегија за сајбер безбедност има потреба од дефинирање на безбедносните цели и одредување дали одговорностите се соодветно доделени во одржувањето на безбедноста и градењето на сигурен Интернет за државата и нашите граѓани.

За да имаме успешна стратегија, потребно е истата да се креира во партнерство и во согласност со сите засегнати страни.

МИОА како надлежна институција за  процесот на изработка на Националната стратегија за сајбер безбедност,  изработил документ за дискусија на платформата ЕНЕР во следниот линк https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=45,  која како тема ја третира идната Национална стратегија за сајбер безбедност  2023-2026.

Целта е да се отпочне со отворена дискусија и да се чујат ставовите на сите засегнати страни, со што ќе се придонесе да се постигне значителен напредок на полето на сајбер безбедност, а тоа ќе води и кон поголем просперитет на Република Северна Македонија над истото поле.

Сајбер безбедноста е важна за сите и затоа е важно да се чујат ставовите на малите, средните и големите бизниси, на индустриските тела, академијата, невладините организации, владините агенции, групи на заедницата и членови на јавноста.

Во содржината на објавениот документ, со цел да ги осознаеме Вашите мислења и идеи на оваа тема, отвараме неколку теми и прашања за кои се надеваме дека би сакале да го дадете Вашиот придонес и да ги споделете со нас Вашите одговори.

Само со заедничка тесна соработка на Владата, академијата, индустријата и граѓанските заедници можат да ја зајакнат сајбер отпорноста на национално ниво и да обезбедат просперитет и заштита на онлајн интересите на сите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...