На маргините на Европскиот самит во Прага министерот Нуредини оствари средби со Иван Бартош заменик министер за дигитализација и министер за регионален развој на Чешката Република, Лилјана Павлова заменик претседател на Европската инвестициона банка и д-р Емилија Стојменова Дух, министер за дигитална трансформација на Република Словенија при што во фокусот на разговорите беа улогата и поврзаноста на зелениот и дигиталниот развој, можностите за паралелен развој на зелените и дигиталните трансформации и можностите Европа да има глобална лидерска улога во двојните трансформации.
Се разменија информации и за расположивоста на различни европскифинансиски инструменти во областа на урбаната мобилност и олеснување на пристапот до финансии заиновативни бизниси, градови и други сродни субјекти во Европа.
Министерот Нуредини оствари средба и со Јан Душик, заменик-министер задолжен за Директоратот за заштита на климата во Министерството за животна средина на Чешка Република на која разговараа за политиките за климатски промени, за потребата од развивање на законодавниот пакет што ќе овозможи постигнување на климатските цели до 2030 година, за декарбонизација, цената на јаглеродот, правичната транзиција и слично.
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање