spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Европа може да биде лидер во зелената и дигиталната трансформација

МЖСПП: Европа може да биде лидер во зелената и дигиталната трансформација

На маргините на Европскиот самит во Прага министерот Нуредини оствари средби со Иван Бартош заменик министер за дигитализација и министер за регионален развој на Чешката Република, Лилјана Павлова заменик претседател на Европската инвестициона банка и д-р Емилија Стојменова Дух, министер за дигитална трансформација на Република Словенија при што во фокусот на разговорите беа улогата и поврзаноста на зелениот и дигиталниот развој, можностите за паралелен развој на зелените и дигиталните трансформации и можностите Европа да има глобална лидерска улога во двојните трансформации.Nuredini vo Praga1

Се разменија информации и за расположивоста на различни европскифинансиски инструменти во областа на урбаната мобилност и олеснување на пристапот до финансии заиновативни бизниси, градови и други сродни субјекти во Европа.Nuredini vo Praga

Министерот Нуредини оствари средба и со Јан Душик, заменик-министер задолжен за Директоратот за заштита на климата во Министерството за животна средина на Чешка Република на која разговараа за политиките за климатски промени, за потребата од развивање на законодавниот пакет што ќе овозможи постигнување на климатските цели до 2030 година, за декарбонизација, цената на јаглеродот, правичната транзиција и слично.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...