spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска во посета на основното училиште „Лирија“ -Тетово

МЖСПП: Заменик министерката Оџаклиеска во посета на основното училиште „Лирија“ -Тетово

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска завчера беше во посета на основното училиште „Лирија“ во Тетово, каде присуствуваше на одржувањето на еден од експерименталните часови по наука.

На часот беа изведени три научни експерименти за различни еколошки и климатски феномени, а гостите имаа можност со наставниците и учениците да разговараат за нивното искуство со експерименталната програма за животна средина и климатските промени во ова училиште.

Новиот начин на научни предавања подразбира активно вклучување на учениците во изведување на експериментите, при што тие на инклузивен, најнепосреден и директен начин стекнуваат искуства, што во голема мерка помага во проширување на нивниот светоглед и искуства, и зголемување на нивото на нивното знаење и развивањето на вештини од областа.

На настанот, организиран од Регионалната канцеларија на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија (UNICEF ECAR), присуствуваа и регионалната директорка на UNICEF ECAR, Афшан Кани, постојаниот претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани и претставници од Амбасадата на Кралството Шведска во Република Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање 

Прочитајте

МЗШВ: Трипуновски – За 6 месеци се исплатија над 4,3 милијарди...

0
Почитувани, Грижата кон македонските земјоделци ја покажуваме на дело. Само за потсетување во изминатиот период Владата на Република Македонија со ребалансот обезбеди над 1.250.000.000 денари со...