Врз основа на член 36 и 48 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02), Член 16, 17, 18 од Законот за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020) и член 42б од Статутот на Општина Гостивар се објавува:
Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО)
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади.
Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади.Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината.
Улога и задачи на Иницијативниот одбор:
• Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС, • Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,
• Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.
Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.
Задолжителни документи:
• Портфолио на организацијата/ групата /здружението,
• Годишна програма за работа,
• Извештај за активности со млади во изминатата година,
• Писмо со номинација за член во Иницијативен одбор и контакт информации,
• Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
Начин на пријавување: сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите на јавниот повик можат да се пријават електронски по е-пошта на официјалната адреса, или лично на следната адреса:
Е-пошта: info@gostivari.gov.mk
Адреса: Општина Гостивар
Булевар Браќа Ѓиноски, бр. 61
Поштенски број: 1230 Гостивар
Рок за пријавување: 10.11.2022 до 24.11.2022 година
Извор: Општина Гостивар