spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Науката е мотор на практиката

МОН: Шаќири – Науката е мотор на практиката

Меѓусебните релации на науката и општеството се неоспорни. Промените во општеството се раководени од сознанијата во науката, но истовремено низа на општествени предизвици стојат неодговорени од науката. Поаѓајќи од тврдењето дека производството и улогата на знаењето треба да биде разбрано како взаемност меѓу општеството, културата и науката, оваа конференција стреми да придонесе кон афирмирање на новите сознанија за таквиот спој.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири во своето излагање на Меѓународниот конгрес на хуманистички и општествени науки и уметности, во организација на Државниот универзитет во Тетово.

– Дозволете да изразам огромна благодарност до Државниот универзитет во Тетово и неговото раководство за досегашниот придонес во развојот високото образование и науката, за едуцирањето на голем број кадри, како и за градењето на функционално општеството и да посакам уште многу успеси и достигнувања кои ќе бидат повод за нови чествувања, рече Шаќири.

Конгресот на кој ќе бидат презентирани 315 научни трудови од 485 домашни и меѓународни експерти, потенцираше тој, ни дава за право да кажеме дека Универзитетот за кратко време се етаблира како една од водечките високообразовни институции во земјата, во развојот на научната мисла и високото образование, еден е од лидерите во меѓународната соработка, како и во мобилноста на научниот кадар и студентите.

– Изминативе години високо образование е насочено кон потребите на студентите и кон развојот на општеството. Со воведувањето на нови и подобро усогласени методи и практики за учење внесуваме сосема нова димензија во образовните процеси и ги прилагодуваме на современите трендови, изјави Шаќири, додавајќи дека сето ова е тесно поврзано со истражувањата и со местото на општествените, хуманистичките и креативните науки кои треба да продолжат да ја играат виталната улога и овозможуваат да го разбираме и да дејствуваме во светот кој што постојано се менува.

Неспорно, потенцираше Шаќири, е дека науката е мотор на практиката, стожер без чиишто научни докази и достигнувања е невозможен каков било прогрес.

Министерот во своето обраќање кон присутните ги спомена вложувањата во науката и научно-истражувачката дејност, односно средствата за научно–истражувачки проекти на јавните научни установи кои се од интерес за државата и граѓаните, како и пари за развој на лабораториските ресурси на сите факултети во вкупна вредност од околу 4 милиони евра, како Законот за високото образование, кој е изготвен преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители.

– Финансиската поддршка која една држава ја дава за развојот на образованието ги мотивира новите генерации да се посветат на нивните студии и создава позитивен поврат за развојот на самото општество, рече министерот пред присутните на Меѓународниот конгрес на хуманистички и општествени науки и уметности.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...