spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Активности на министерот Алити во рамките на 14-от состанок на Управниот...

МИОА: Активности на министерот Алити во рамките на 14-от состанок на Управниот одбор на министерско ниво на ReSPA

Во рамките на 14-от состанок на Управниот одбор на министерско ниво на Регионалната школа за јавна администрација, во Тирана, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити говореше на неформалната дискусија на министерско ниво.

Истакнувајќи дека соработката со ReSPA е исклучително конструктивна и плодна, Министерот Алити се осврна на тековните предизвици и активности во МИОА во однос на јавната администрација.

МИОА подготви анализа за намалувањето на бројот на вработени во централната власт за периодот 2015-2020 година.  Врз основа на податоците од овој извештај, министерот нагласи дека повеќето министерства имаат недостиг од кадар, додека со новиот Закон за административни службеници ќе имаме „позитивна дискриминација“ каде што ќе се обидеме да ја намалиме разликата во платите меѓу министерствата и агенциите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте