spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

АФПЗРР: Известување

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира сите земјоделци дека е во тек аплицирањето за дополнителни директни плаќања за предадени градинарски и овошни култури во регистрирани преработувачки капацитети и за произведено предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.

Корисници на дополнителни директни плаќања за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети се земјоделски стопанства кои имаа засадено површини со градинарски култури и оствареното производство го предале во преработувачки капацитет за зеленчук директно или преку еден регистриран преработувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот за откупувачи на земјоделски производи. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм за сите градинарски култури.
Корисници на дополнителни директни плаќања за овошни култури предадени во преработувачки капацитети се земјоделски стопанства кои имаа засадено површини со овошни насади и тоа со следните овошни видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и оствареното производство го предале во преработувачки капацитет за овошје директно или преку еден регистриран преработувач во период од 26 декември 2021 година до 25 декември 2022 година, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишани во Регистарот за откупувачи на земјоделски производи. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.
Корисници на подмерката за произведено предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија се земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и оствареното производство на винско грозје од реколта 2022 година го предале во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, вклучително и за потребите на сопствениот преработувачки капацитет регистриран за производство на вино во Република Северна Македонија. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 2 денари по килограм.

Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на поддршка ќе може да аплицираат електронски.
Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ.
Крајниот рок за поднесување на барање за горенаведените подмерки е до 25 декември 2022 година.

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...