Агенцијата за млади и спорт организираше прием за македонската репрезентативка Даниела Алексовска која се закити со бронзен медал на Светското џиу-џицу првенство во Абу Даби. Ова беше првпат наша натпреварувачка да биде дел од најголемиот светски настан на кој ќе има над 5.000 натпреварувачи од повеќе од 75 земји. Нејзиниот настап во највисоката категорија на виолетови појаси во младинска категорија, резултираше со освојување на бронзениот медал.
-Сите медали се вредни, но освоен медал кај млади талентирани спортисти, особено од понежниот пол и посебно во спортови кои не се толку застапени кај нас е посебно вреден, истакна директорот на Агенцијата за млади и споорт Наумче Мојсовски.
Извор: Агенција за млади и спорт